Centar.mk
СВЕТ

Голема експлозија во близина на најпрометниот аеродром во Аргентина

Повеќе од 20 лица се повредени по силни експлозии во индустриски парк во близина на Буенос Аирес, по што следеше голем пожар, соопштија аргентинските власти.

Индустриската локација се наоѓа во близина на најпрометниот меѓународен аеродром во земјата, објави АФП.

Шефот на локалната администрација, Гастон Гранадос, изјави дека противпожарните екипи го гаснат пожарот од синоќа, но дека пожарот сè уште е надвор од контрола.

Директорот на болницата, Карлос Санторо, изјави дека неговата институција примила 22 повредени лица.

Во индустриската зона има неколку фабрики кои произведуваат гуми, хемиски производи и друга стока.

Според медиумите, пожарот довел до откажување на летовите./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Позната инфлуенсерка пронајдена мртва во стан

ДЕСК

Трамп го нападна НАТО, британски дипломат му возврати: „Целосно погрешно го разбира“

C +

Зеленски предупредува: Блискиот Исток ќе ја остави Украина без ракети

C +