Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Минималната плата ќе скокне за 2.000 денари, од март ќе биде 26.600 – соопшти владејачката партија

– По плебисцитната победа на локалните избори, каде што граѓаните албанци во секоја општина јасно ја искажаа својата доверба во ВЛЕН, веднаш ја претвораме оваа доверба во конкретна работа и опипливи резултати, соопшти владејачката ВЛЕН.

– Денес, коалицијата ВЛЕН објавува вест што директно влијае на илјадници семејства: Минималната плата ќе се зголеми за околу 2.000 денари во март 2026 година, достигнувајќи 26.400 денари нето. Ова е благодарение на максималната посветеност на министерот за економија, Бесар Дурмиши, и ова е само почеток на реформите што ги носиме во економијата на земјата.

Ова зголемување е најсилниот доказ дека владата на ВЛЕН не познава чекање, одложувања и изговори. Нашите ветувања се претвораат во одлуки, а одлуките се претвораат во опипливи придобивки за граѓаните.

Животниот стандард на работниците е наш приоритет. Достоинството на секое семејство е наша одговорност. Градиме економија каде што трудот е праведно награден, каде што младите луѓе гледаат перспектива и каде што секој се чувствува заштитен.

ВЛЕН ќе продолжи со смели одлуки и јасни политики во служба на граѓаните, бидејќи довербата што ни ја дадовте на 19 октомври се претвора во работа, развој и достоинство. Ова е владењето што се чувствува во животите на граѓаните, се вели во соопштението на Влен.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Усвоен Кварталниот извештај: Макроекономските движења се во согласност со очекувањата на Народната банка

ДЕСК