Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Каква е состојбата на патиштата

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. 

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2025 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можеби ќе ве интересира

Трајановски: Државата не е подготвена за укинување на техничката влада

C +

Жерновски: Одлуката на САД за визите е аларм- политиките за изолација скапо ја чинат Македонија

C +

Земјотрес од Албанија почувствуван во Охрид и Струга

C +