Centar.mk
фото Centar.mk
БИЗНИС

Нова листа на должници – тренд на пад на даночниот долг во Македонија

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави Листата на должници бр. 11/2025, на која се најдоа вкупно 6.041 обврзник.

Од нив, 2.024 се правни лица, што е за 17 помалку од претходната листа, а 4.017 се физички лица, што е за 24 повеќе во споредба со претходниот месец.

Вкупниот објавен нето-долг изнесува 12.061.408.674 денари, што претставува намалување од 155.920.964 денари во однос на претходната листа на должници.

Најголемиот дел од долгот се однесува на даноци и придонеси, кои изнесуваат 11.892.002.551 денари, односно 166.708.561 денар помалку во однос на минатиот извештај.

Во делот на царинските давачки, забележано е зголемување од 10.787.597 денари, со што вкупниот износ достигна 169.406.123 денари.

Можеби ќе ве интересира

Самсунг (“Samsung”) ја задржа лидерската позиција на глобалниот пазар на гејминг монитори седма година по ред

ДЕСК

Потрошувачки кредит на НЛБ Банка до 2.500.000 денари – Поголема поддршка и побрзо решение

ДЕСК

Уделот на Самсунг (“Samsung“) премиум смартфоните расте во Европа: Galaxy S26 Ultra е на водечката позиција

ДЕСК