Centar.mk
СВЕТ

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

Најмалку 42 мигранти се водат за исчезнати и се верува дека се удавиле кога гумен чамец се превртел кај либиското крајбрежје, соопшти Меѓународната организација за миграции (ИОМ).

Спасени се седум лица што шест дена пловеле по морето по потонувањето на чамецот со вкупно 49 лица во близина на нафтното поле Ал Бури, северозападно од либискиот брег.

Според ИОМ, мигрантите потекнуваат од Судан, Нигерија, Камерун и од Сомалија.

Од падот на режимот на Моамер Гадафи во 2011 година, Либија е клучна транзитна точка за мигранти, кои преку Средоземното Море се обидуваат да стигнат до Европа.

Оваа година во централниот дел на Средоземното Море веќе се удавиле повеќе од 1.000 мигранти, а најновата несреќа дополнително го зголеми овој број, соопшти ИОМ.

Организацијата потсети и на други смртоносни инциденти во последните недели кај Сурман и Лампедуза, како и на случајот во октомври кога западно од Триполи биле пронајдени телата на 61 мигрант./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

АЛБАНИЈА ДЕМАНТИРА ДЕКА ОД НЕЈЗИНА ТЕРИТОРИЈА БИЛЕ ЛАНСИРАНИ УКРАИНСКИ ДРОНОВИ – Тирана со официјална реакција

ДЕСК

НАТО ГИ ОТФРЛА РУСКИТЕ БАРАЊА ЗА ВРАЌАЊЕ НА СОСТОЈБАТА ОД 1997 ГОДИНА – Руте со јасна порака

ДЕСК

УКРАИНА ТВРДИ ДЕКА ПОТОПИЛА РУСКИ ВОЕН БРОД КАЈ ЛИБИЈА – Зеленски соопшти за напад со седум поморски дронови

ДЕСК