Centar.mk
РЕГИОН

Студентите во Србија пред Генералштабот: „Ќе го браниме со нашите тела“

Студенти од неколку белградски факултети и иницијативата Ансамбл на Генералштабот ќе се соберат денес во 11 часот пред зградата на Генералштабот под слоганот „Ние сме жив ѕид“. Како што најавија, ќе упатат усно предупредување до властите на Александар Вучиќ поради нивната намера да го урнат комплексот, кој беше оштетен во бомбардирањето на НАТО, објавува Nova.rs.

Организаторите нагласуваат дека денешниот собир ќе биде само најава за идните протести.

„Маршот од центарот на Земун започнува во девет часот наутро, а од Студентскиот плоштад во 10 часот, па сите се собираме во 11 часот пред Генералштабот. Подготвивме две претстави, по што во 11:52 часот ќе има 16-минутен молк“, објави Валентина Морачевиќ, студентка на Факултетот за применети уметности.

По оддавањето почит на жртвите, студентите ќе упатат јасно предупредување до Владата. „Кога ќе заврши оддавањето почит на жртвите во Нови Сад, ќе имаме усно предупредување за властите. Доколку не престанат со уривањето на Генералштабот, односно ако не ја заштитат зградата, ние ќе ја браниме со нашите тела“, нагласува Валентина./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Анталија во центарот на глобалниот дијалог за климатските промени како домаќин на COP31

ДЕСК

УАПСЕН ОСОМНИЧЕНИОТ ЗА ОСУМ УБИСТВА – Турските сили го пронајдоа по нападите во Афјонкарахисар

ДЕСК

НОВА ФАЗА ВО БУГАРСКОТО ПРАВОСУДСТВО – Сите 21 кандидат за судскиот совет одат на парламентарно гласање

ДЕСК