Centar.mk
Uncategorized

15 ГОДИШНО ДЕТЕ СО ГОЛФ СЕ СУДРИЛО СО ПАСАТ: Четворица повредени, од кои четири се малолетни лица, меѓу кои и двегодишно девојче

На 10.11.2025 во 14:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на локалниот пат од с.Кондово кон с.Долно Свиларе, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 15-годишник од Скопје и патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.М.(27) од с.Долно Свиларе. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетниот возач и неговиот 14-годишен сопатник од Скопје, додека со телесни повреди се здобиле 15-годишник од с.Кондово, 17-годишник од Скопје, сопатници од возилото „фолксваген голф“, како и 27-годишната А.М. и двегодишно девојче од с.Долно Свиларе, сопатнички од возилото „фолксваген пасат“, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

ЦРНА ГОРА ГИ ИЗГЛАСА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ – Со 56 гласа воведена основа за проверка на интегритетот на министрите

ДЕСК

Стручната книга „Превентивна стоматологија“ ќе биде промовирана на Стоматолошкиот факултет

ДЕСК

Јубилеј што го истакнува придонесот на Силјан во вреднувањето, афирмацијата и зачувувањето на македонското книжевно наследство

ДЕСК