Centar.mk
СВЕТ

Вулкан на Хаваи почна да исфрла лава

Денес, Американскиот геолошки завод ја регистрираше ерупцијата на лава од отворот во кратерот на вулканот Килауеа на Хаваи.

Растопената карпа останува во рамките на Националниот парк Хавајски вулкани и не претставува закана за домовите или инфраструктурата, според соопштението, објавува „Јуронјуз“.

Килауеа исфрла лава во редовни интервали од крајот на минатата година, а научниците забележуваат дека магмата го следи истиот подземен пат до површината.

Вулканот се наоѓа на островот Хаваи, околу 320 километри јужно од главниот град Хонолулу./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Сакам војната да се заврши за еден месец, му рекол Трамп на Зеленски

C +

Трамп сака до Денот на независноста да ја запре војната во Украина

C +

Лидерите на ЕУ во Киев на годишнината од војната; Зеленски: Путин не успеа да ги постигне целите

C +