Денес, Апелацискиот суд во Париз ќе го разгледа барањето на поранешниот француски претседател на таа земја, Николас Саркози, кој издржува затворска казна во затворот „Ла Санте“ во Париз, јавува телевизијата БФМ.
Саркози ќе биде сослушан преку видеообраќање, а постои можност да биде застапуван од неговите адвокати, кои најавија дека ќе тврдат на суд дека седумте критериуми за неговото затворање може лесно да се исполнат ако биде ослободен под судски надзор.
Одлуката на Апелацискиот суд би можела да се донесе денес, а доколку Саркози биде ослободен, тој би можел да го напушти затворот во рок од неколку часа откога ќе бидат завршени административните формалности за неговото ослободување.
Поранешниот претседател може да биде ослободен без судски надзор, ослободен со судски надзор или ставен во домашен притвор со електронска белезица, која ќе му биде инсталирана во наредните денови.
Доколку остане во притвор, неговите адвокати може да поднесат ново барање за негово ослободување истиот ден. Саркози, кој веќе е осуден во случајот со прислушувањето, на 26 ноември ќе дознае дали Касацискиот суд ќе ја потврди или ќе ја поништи неговата жалбена пресуда во аферата за нелегално финансирање на неговата неуспешна претседателска кампања во 2012 година./Извор:Makfax
Оваа статија има 337 прегледи


