Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Фрчковски: Треба да се помогне на НВО секторот, тие ги одржуваат меурите на слободата

Невладиниот сектор е она што ги одржува „меурите“ на слободата и ним мора да им се помогне, оцени професорот Љубомир Фрчкоски во интервју во емисијата „Во центар“

„НВО секторот мора да биде жилав и да се обиде да се снајде сам, но тоа многу тешко да се направи. Тоа не е лесно, апсолутно херои се тие што го прават тоа што успеваат да се соживеат, респект мора да има. И не е лошо да им се помогне. Ова што ние зборуваме, со што се изложуваме на некој начин помош на таа либерална структура успева да живее, независно сега во каква состојба е партијата, но мора да живее таа структура. Да видиме од каде пари ќе најдеме, да видиме од каде тие меури на слободарство можеме да ги формираме, за да може да се живее“ порача тој.

Фрчкоски смета дека во македонското општество пренагласена е појавата на хомофобијата и ксенофобијата што целата ситуација ја прави уште потешка

„Практчно не може да зборуваш, културата е на многу ниско ниво. Она што преовладува сега е преиспитување на јавното мнение кон тоа какви се Македонците во основа. Исклучително хомофобичен, ксенофобичен народ, исклучително религиозен, да верувам во конспиративни теории. И сега ти во таква ситуација, плус културолошки подјаден од српската турбо сцена и сега ти во таква сцена која доминира треба да преживееш. Тоа е неверојатно тешка ситуација“ заклучи Фрчковски.

Можеби ќе ве интересира

Ахмети ќе учествува на лидерската средба

ДЕСК

Сиљановска-Давкова прими претставници на Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и на Центарот за еколошка демократија ФЛОРОЗОН

ДЕСК

НОВИ НАЈАВИ НА МЕТЕОРОЛОЗИТЕ: Повторно дожд, снег и пад на температурите – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК