Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пукање од автомобил во движење во близина на угостителски објект во Струга

Како што соопшти полицијата во 15 часот во ОВР Струга е пријавено дека во близина на угостителски објект лоциран на регионалниот пат Калишта – Струга, едно лице- сопатник во патничко возило „бмв“ го отворил прозорот и испукал еден проектил од пиштол во воздух, по што возилото продолжило кон Струга.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и лицата кои се превезувале во возилото и по целосно расветлување на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на пуштање на употреба на реконструираните 6 операциони сали во Клинички центар „Мајка Тереза“

ДЕСК

ВАЖНА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ КОИ ПАТУВААТ ВО ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ НА ЕУ: Започнува електронската евиденција и контрола на граничните премини на државјаните од државите кои не се членки на ЕУ

ДЕСК

Спремете куси ракави: Синоптичарите најавуваат температури до 25°C

ДЕСК