Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Апсења поради возење под дејство на алкохол на повеќе локации низ Македонија

На 09.11.2025 во 02:19 часот на ул. „Новачки пат“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишија од слобода Лице(19) од с.Логоварди, битолско. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „голф” со битолски регистарски ознаки, при што констатирале дека А.М. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,64 промили алкохол во крвта.

На 08.11.2025 во 20:02 часот на ул.„Партизанска“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода лице (44) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „шевролет” со битолски регистарски ознаки, при што констатирале дека Б.Б. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му биле 2,55 промили алкохол во крвта.

На 09.11.2025 во 02:13 часот на булевар „Трета македонска ударна бригада” во Куманово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово лишија од слобода лице (44) од Република Србија. При контрола на патниот сообраќај во Куманово, полициските службеници сопреле патничко возило „голф” кој го управувал З.Д. и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,74 промили алкохол во крвта.

На 08.11.2025 во 21:00 часот на регионалниот пат Берово-Виница, во атар на с.Будинарци, полициски службеници од ПС Берово лишија од слобода лице (54) од с. Митрашинци, беровско. При вршење на увид на сообраќајна незгода во која М.П. учествувал со патничко возило „пежо“ со беровски регистерски ознаки, утврдено е дека тој го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,83 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на настаните, ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Можеби ќе ве интересира

Турски државјанин со скапоцено “bmw 5” удрил во контејнери и автомобил во Скопје, па побегнал од местото, но полицијата му го “нашла крајот”

ДЕСК

Ужас на “Ленинова” – Со “хјундаи” удрил во полицаец кој веднаш е пренесен во градска

ДЕСК

Гореше автомобил со скопски таблички – нов случај на опожарено возило на подрачјето на Аеродром

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.