Centar.mk
фото скриншот/МВР
-МАКЕДОНИЈА

Уапсен пијан возач – полицијата го однесе во станица

На 08.11.2025 во 02:53 часот во Валандово, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово лишиле од слобода лице(49) од Валандово. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген“ со гевгелиски регистарски ознаки и по преземените мерки било утврдено дека В.М. го управува возилото под дејство на алкохол, односно дека има 1.82 промили алкохол во крвта.

Тој бил задржан во Полициската станица Валандово, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По целосно документирање на настанот, против В.М. ќе биде поднесен кривична пријава за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОБЛАЦИ И ДОЖД ОВОЈ ВИКЕНД, А ОД ВТОРНИК И ЗА ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ – Синоптичарите објавија четиридневна прогноза

ДЕСК

Пукање во Скопје: 15 годишник нападнат од двајца малолетници, едниот извадил пиштол – репетирал и пукал

ДЕСК

Хорор во Скопје: Три малолетнички нападнати, тепани и снимани со мобилен телефон од четири женски лица

ДЕСК