Centar.mk
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

СЛЕДУВААТ ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ И ГРМЕЖИ: Метеоцентар со детална прогноза која открива кога да очекуваме стабилизација и сончево време

До вторник претпладне ќе се задржи претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд.

Во понеделник наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на грмежи.

Во деновите потоа времето ќе биде стабилно и суво.

Прогноза за 10.11.2025
Минимална температура: 6°C до 13°C
Максимална температура: 12°C до 17°C

Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни и пообилни со услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.

Прогноза за 11.11.2025
Минимална температура: 5°C до 11°C
Максимална температура: 12°C до 19°C

Променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 12.11.2025
Минимална температура: 1°C до 8°C
Максимална температура: 12°C до 18°C

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец.

Можеби ќе ве интересира

Од утре стартува „Безбеден град“, МВР апелира да се почитуваат сообраќајните правила

ДЕСК

Мицкоски: Пуштена е во употреба реконструираната тетовска гимназија „Кирил Пејчиновиќ“, продолжуваме да вложуваме во образованието

ДЕСК

Најстудено утрово било на Попова Шапка каде се измерени -5 целзиусови степени

ДЕСК