Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Инвестиции во нова железничка линија и градски воз за почист воздух

„Ова што го кажа и новиот градоначалник на Град Скопје е многу важно затоа што на тој начин ќе се растерети гужвата малку со користењето на ова превозно средство, но и она што е уште поважно е што ќе ја намалиме емисијата на штетни честички во воздухот, ова исто така има и еколошки позитивни ефекти, изјави премиерот Христијан Мицкоски денеска од Скопје.

– Ние рековме кога станува збор за квалитетот на воздухот, чуда се невозможни, треба време бидејќи ништо не е правено, но ова е еден од тие проекти коишто контрибуира и многу сум среќен и тоа што конечно го отпочнуваме БРТ системот, но треба да видиме малку околу проектот како сето тоа ќе биде замислено, а бидејќи ќе треба да се прави цел нов мост преку реката Вардар за да може сето тоа јакосно да се изнесе. Кога ќе ги заокружиме сите овие проекти сигурен сум дека ќе имаат позитивно влијание врз животната средина и ќе го намалат загадувањето во текот на целата година, бидејќи автомобилите се возат во текот на целата година и во текот на целата година тие емитуваат честички коишто влијаат негативно врз квалитетот на воздухот, тоа е многу важно барем тој сегмент, а во останатиот дел имаме тековни проекти коишто ги развиваме.

Уште еднашка честитки еве ги повикувам и граѓаните кога сето ова ќе биде оперативно функционално да го користат за да сите ние имаме бенефит од сето тоа, рече Мицкоски.

Можеби ќе ве интересира

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

ДЕСК

Претседателот Костадиновски оствари средба со амбасадорката на НР Кина, Џијанг Сјаојан

ДЕСК

Кампања „Сигурни празници, без употреба на пиротехника“, МВР со засилени превентивни и репресивни мерки против употребата на пиротехнички средства – годинава запленети трипати повеќе пиротехнички средства

ДЕСК