Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Лишени од слобода лихвари од Кавадарци, земале над 700.000 денари за долг од 80.000 денари

На 06.11.2025 во 09:20 часот, во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода Н.С.(59) и неговиот син Р.С.(34) од Кавадарци, поради сомнение за сторено кривично дело „лихварство“ по член 260 од КЗ. Според пријавеното, во јуни 2023, 71-годишен маж од Неготино од нив позајмил околу 80.000 денари и се договориле да враќа по 20.000 денари неделно, но бидејќи не успеал да го врати земеното, постојано му пресметувале камата и му го зголемувале долгот. За целиот период, оштетениот му исплатил на Н.С. сума од над 700 000 денари.

По издадена судска наредба, бил извршен претрес во домот на Н.С. и Р.С., при што се пронајдени предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со делото. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Објавена најновата четиридневна прогноза

ДЕСК

ДУИ: ЕУ извештајот за 2025 најкритички документ во последните години и потврдува изразен регрес на земјата во процесот на европска интеграција

ДЕСК

Радовишанка обвинета лажно пријавување бомба во основно училиште

ДЕСК