Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Измамници му ги испразниле џебовите: Му рекле дека се од Дубаи и му побарале да видат како изгледаат македонските пари, а потоа следело изненадувањето

На 06.11.2025 година во 13:30 часот во ОВР Гостивар, 64-годишник од Гостивар, пријави дека истиот ден околу 11:30 часот на ул. ,,Мајор Чеде Филиповски“ пред угостителски објект бил измамен од две лица, кои му рекле дека се од Дубаи и побарале од него да видат како изгледаат локалните пари, а при тоа му дале наводно златна нараквица.

Оштетениот им дал 150 евра и 3100 денари во разни апоени, по што лицата рекле дека ќе одат да му донесат два мобилни телефони, но не се вратиле.

Оштетениот подоцна утврдил дека нараквицата е бижутерија. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

Можеби ќе ве интересира

Два нови пилоти завршија обука во Шпанија за гаснење пожари, се приклучуваат на ДЗС

C +

Мицкоски: Имаме стабилни резерви, дополнително го намаливме ДДВ за горивата од 18 на 10%

ДЕСК

„Се намалува ДДВ-то на горивата од 18% на 10%, се заштедуваат отприлика околу 200 илјади евра на ден“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

C +