Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Држел цел арсенал оружје и муниција во село близу Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице (48) од селото Подмоље, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по чл.215 и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по чл.396 од Кривичниот законик.

На 30.10.2025 при претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа кутија со 25 куршуми и паковка со кокаин. При претрес извршен на 31.10.2025, по судска наредба, во поранешен угостителски објект во селото Мешеишта, општина Дебрца, што тој го користел, пронајдени и одземени се вкупно 1357 парчиња муниција различен калибар, 488 стебла од растението канабис, еден метален сандак со куршуми калибар 7,62 милиметри, два стари револвери, еден пиштол калибар 7.65 милиметри, две автоматски пушки, еден тромблонски држач, едно тело и една иницијална каписла од рачна бомба, кои, нелегално ги поседувал.

Можеби ќе ве интересира

Инфлација зголемена на 4.5%, граѓаните скапо ги чинат промашените економски политики на власта, соопшти СДСМ

ДЕСК

Лишени од слобода пет лица поради сторени кривични дела за поткуп

ДЕСК

Шестмина воделе четири телиња преку граница – Откако полицијата ги забележала тие побегнале, а телињата останале на македонска територија

ДЕСК