Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото МВР
МАКЕДОНИЈА

Апсења на повеќе локации низ Македонија – “Паднаа” и функционери, за 5 лица се бара притвор

Вчера во попладневните часови под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, истражителите од Истражниот центар на ОЈО ГОКК и полициски службеници од ОСОСК реализираа акција во која беа лишени од слобода пет лица. Поради постоење на основано сомнение дека првосомничениот сторил продолжено кривично дело Давање поткуп и кривично дело Давање награда за противзаконито влијание, додека три лица како посредници сториле кривично дело Примање награда за противзаконито влијание, а едно лице сторило продолжено кривично дело Примање поткуп, јавниот обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против сите осомничени.

Првоосомничениот – управител на правно лице, од крајот на февруари годинава до вчера, искористувајќи ист траен однос и исти прилики, во повеќе наврати, директно и преку посредници му ветил подарок – парични средства од значителна вредност на директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој на РСМ. Останатите тројца осомничени од кои еден даночен референт во УЈП РД Скопје и еден државен службеник вработен во Министерство за земјоделство шумарство и водостопанство, искористувајки го своето реално влијание и службената положба побарале и го потикнаале директорот на агенцијата да изврши службено дејствие што не смеел да го изврши. Имено, иако правното лице на првоосомничениот не ги исполнувало условите предвидени во Јавниот повик бр.01/24 за доставување на барања за користење на средства од ИПАРД Програмата за мерка 3, директорот по применото ветување за подарок од значителна вредност во износ од 50 000 евра, во текот на вчерашниот ден потпишал договор за користење на финансиски средства со правното лице и притоа примил дел од паричните средства во износ од 400 евра кои при претрес се пронајдени и одземени.

Ценејќи дека се исполнети условите за определување на мерка притвор, јавниот обвинител му предложи на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје истата со Решение да ја определи за сите осомничени.

Можеби ќе ве интересира

Шведска и Северна Македонија – пријателство и соработка за посилни врски меѓу парламентите

ДЕСК

Заменик претседателот на Владата Фетаи на средба со швајцарскиот амбасадор Сомер

ДЕСК

СВР Охрид предупредува на голема измама: Непознати лица, преку телефонски јавувања на нивните фиксни или мобилни телефони, се обидуваат да ги измамат граѓаните, претставувајќи се како полициски инспектори

ДЕСК