Centar.mk
фото Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Полицијата пронајде бомба со жица врзана за возачката врата во автомобил во куќа во Чаир – претходно газдата лој бил во странство добил заканувачка порака

Денеска (06.11.2025) во 02:41 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 01:00 часот, едно лице влегло во гаража од семејната куќа на Е.Р. на подрачјето на Бит Пазар, кој моментално е во Италија, а набргу потоа сопственикот добил порака со закана и со известување дека во неговото возило е поставена бомба.

Полициски службеници излегоа на местото и по преземени мерки кај неговото возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки е пронајдена бомба м75 врзана со жица на рачката на возачката врата.

Исто така, извршен е и преглед во друго возило „фиат“ со италијанска национална ознака, сопственост на неговиот брат А.Е., кој исто така, живее и работи во Италија, при што во гепекот е пронајдена една кутија со 100 куршуми кал. 7,62 мм за автоматско оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

Најмногу снег на Попова Шапка

C +

Јаневска: Зајакнувањето на критериумите за напредување во наставно-научните звања е клучно за повисок квалитет на високото образование

C +

Филипче на Свети Трифун: Помалку пари, пониска цена, власта ги остави лозарите без поддршка

C +