Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Ем останаа без 2 тона индисики ореви и други апетисани, ем ќе платат казна – АХВ се пофали со голема заплена

По добиена пријава, со интервенција од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе вонреден инспекциски надзор на возило во кое се превезувало храна со непознато потекло, на подрачјето во општина Чучер-Сандево. При извршениот надзор пронајдени се 1.060 килограми кршени ореви и 581 килограми кикирики во зачинета обвивка, во рефус состојба, без идентификација и без потребни информации за потрошувачите. Во рамки на истата пратка со надзорот најдени се и 900 килограми индиски ореви, со декларација.

Бидејќи производите биле без соодветна документација за потекло и квалитет, согласно Законот за безбедност на храна, затекнатите количини се прогласени за небезбедни и истите ќе бидат нештетно уништени. Против лицето затекнато при контролата, поведена е прекршочна постапка за пуштање во промет на небезбедна храна, односно, заради пуштање во промет на храна од страна на нерегистриран оператор и немање на потребни информации за потрошувачите.

На сторителот изречена му е глоба од 600 евра во денарска противвредност.

Агенцијата за храна и ветеринарство ќе продолжи со спроведување на засилени контроли на терен, со цел спречување на пласман на небезбедна храна и заштита на здравјето на потрошувачите.

Гледај го бонус видеото и следи нè на YouTube за вакви содржини секој ден

Можеби ќе ве интересира

Фрчкоски: Кога седна Орце во фотељата кога омилената фрима на ВМРО доби тендер?

ДЕСК

Удрил во полициски службеник и побегнал

ДЕСК

Крадци завршиле со празни раце откако се обиделе да ограбат бензинска пумпа во Кисела Вода

ДЕСК