Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Следува реконструкција на Владата? ВМРО ДПМНЕ не е задоволна од двајцата министри од ЗНАМ, има незадоволство и кај свои министри, објави СДК

Како што најави и премиерот Христијан Мицкоски пред изборите, можно е скоро да се очекуваат промени во владиниот кабинет.

Па така според порталот СДК.мк, засега се споменува незадоволство кај најголемата владејачка партија ВМРО-ДПМНЕ од двајцата министри од ЗНАМ – Игор Филков и Горан Минчев, особено од првиот кој е министер за правда.

Според САКАМ ДА КАЖАМ, премиерот Христијан Мицкоски не бил задоволен од работата и од некои свои министри, но не од економско-финансискиот ресор кој, како што стои во најновиот извештај на Европската комисија за Македонија, го уназадил системот со реформите и со финансиската дисциплина, туку наводно од министерката за образование.

Премиерот Мицкоски освежување на владата најави веднаш по распишувањето на Локалните избори, а падот од над 140.000 гласа дополнително мотивира да има промени во повеќе ресори во Владата, но и на важни директорски позиции.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: За правда, слобода и безбедност владата доби единица од ЕУ – драматичен пад во споредба со лани

ДЕСК

Филипче: Во Буџетот нема предвидено пари за спроведување на реформите

ДЕСК

Филипче: Реформите не зависат од уставните измени и мора да се спроведуваат

ДЕСК