Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пронајдени 15 лица мигранти во гевгелиско, приведени двајца криумчари, следува пријава

Нa 04.11.2025 околу 20:00 часот во близина на ловиште „Погана“, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишија од слобода Д.Ј.(37) од Кaвадарци.

Претходно, на местото, полициските службеници забележале група oод 16 лица мигранти(13 од Египет, двајца од Турција и еден од Сирија) и во нивна близина е затекнат Д.Ј. со возило „шевролет каптива“ со кавадаречки регистарски ознаки. При преземање мерки констатирано е лицето од Сирија Х.А.(28) му помагало на Д.Ј., односно со другите лица илегално ја преминале државната граница и ги спровело до местото. Исто така, при преземање на мерки, констатирано е дека регистарските таблички од возилото се пријавени за украдени, односно припаѓаат на друго возило.

Мигрантите се спроведени во прифатно-транзитен центар во Гевгелија, а возилото е одземено. Д.Ј. и Х.А. се задржани во полициска станица, известен и јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Власта да покаже конструктивност заради работниците, да го поддржи Законот за 600 евра плата, велат од СДСМ

C +

СДСМ е за целосна интеграција во ЕУ, БРИКС и изолација не се опција

C +

(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски

C +