Centar.mk
БИЗНИС

Британец одбил интервју за работа – не сакал да го интервјуира вештачка интелигенција

Британскиот комичар и писател Ричард Стот одбил интервју за позиција копирајтер кога дознал дека разговорот ќе го води вештачка интелигенција, а не човек. Според него, тоа е непочитување кон кандидатите, па ја повлекол пријавата – што поттикна широка дебата за улогата на вештачката интелигенција (ВИ) во процесот на вработување, јави „Би-Би-Си“.

„Ако нивното време не вреди за разговор во живо, тогаш ни позицијата не вреди за моето,“ изјави Стот, додавајќи дека личноста и човечката интеракција се незаменливи.

Иако признава дека ВИ може да биде корисен за технички задачи, смета дека „интервјуто лице в лице е непроценливо“.

Стручњаците се согласуваат дека, иако компаниите се повеќе го користат ВИ во регрутацијата, „човечкиот елемент не може да се замени“, бидејќи робот не може да ја процени личноста и потенцијалот на кандидатот./Извор:Makfax

Гледај го бонус видеото и следи нè на YouTube за вакви содржини секој ден

Можеби ќе ве интересира

ОБЈАВЕНА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА ДОЛЖНИЦИ: Граѓаните и фирмите должат за данок над 12 милијарди денари

ДЕСК

РКЕ пред одлука – Нови цени на горивата

ДЕСК

Становите во оваа блиска државата поскапеле за 275%: Домувањето низ ЕУ станува луксуз поскапеа и кириите

ДЕСК