Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

Дина Јашари со концерна промоција на албумот „Растенија без корен“ во Скопје

Дина Јашари го најави својот прв концерт во Скопје по објавата на актуелниот албум „Растенија без корен“ во Паблик Рум.

На 20ти ноември годинава македонската кантавторка Дина Јашари ќе ја има својата концертна промоција на нејзиниот последен албум „Растенија без корен“ во Паблик Рум во Скопје.

По објавата на албумот кон крајот на мај, албумот предизвика голем интерес помеѓу публиката но и резултираше со неколку важни настапи веднаш потоа, како што беа отворањето на концертот на легендарната британска група Масив Атак, на стадионот на АРМ, на 28ми јуни годинава во рамките на фестивалот Skopje Calling 2025 и настапот на овогодинешниот Д Фестивал во Штип.
Покрај овие настапи Дина и нејзиниот бенд летово имаа настапи и во Љубљана и Шкофја Лока во Словенија и на Пандемониум фестивал во Умаг, Хрватска и на филмскиот фестивал Нови Вал во Будва, Црна Гора.

Растенија без корен – во живо, искрено и топло, во градот. Кога надвор е ладно и се стемнува рано, музиката нека нѐ стопли. – така младата кантавторка ни го најавува концертот.

На концертот ќе настапи со нејзиниот долгогодишен бенд: Лука Тошев (гитара), Драган Теодосиев (тапани), Андреа Мирческа (бас), а и најавува еден специјален гостин.
Албумот „Растенија без корен“ е деби-албум на македонската кантавторка Дина Јашари. Содржи девет песни, снимени во различен период од изминативе три години, на различни локации со различни луѓе.

Дел од песните, „Градот“, „Растенија без корен“, и „Морето ме тера да мислам“ имаат видеоспотови а, особено е впечатлив дуетот „Кревка“, во кој Дина соработува со познатиот кантавтор Пијан Славеј (Фолтин), композиторот Дуке Бојаџиев и гитаристот Лука Тошев.

Албумот може да се најдете на YouTube, Spotify и сите останати дигитални платформи.

Ограничен број на билети има во продажба на drugastrana.mk.

Концертот е поддржан од Министерство за култура и туризам.

Можеби ќе ве интересира

Доделување на наградата „Оливера Николова“ и промоција на победничкиот роман „Џинџуџе“ од Ермис Лафазановски

ДЕСК

„Матица македонска“ ја објави „Овие тивки, темни води“ од Кристина Мекдоналд, авторката на „Ноќта кога Оливија падна“, најпродаваната книга според USA Today

ДЕСК

Black Friday во „Литература.мк“ со попусти до 90% цел месец!

ДЕСК