Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Австралија ќе им обезбедува на граѓаните три часа бесплатна сончева енергија дневно

Австралија ќе им понуди на домаќинствата, вклучително и на оние без соларни панели, најмалку три часа бесплатна сончева енергија секој ден во рамките на програмата за заштеда на енергија која се очекува да биде активна во 2026 година, изјави денес австралискиот министер за енергетика Крис Бовен.

Програмата „Solar Sharer“ прво ќе биде лансирана во Нов Јужен Велс, Јужна Австралија и југоисточен Квинсленд, пред да се прошири во други делови од земјата.

Граѓаните ќе можат да користат бесплатна енергија во периодите на најголемо производство, главно во средината на денот.

„Домаќинствата кои ќе успеат да ја прилагодат својата потрошувачка на периодите на бесплатна електрична енергија ќе имаат директна корист, без разлика дали имаат соларни панели или не, и без оглед на тоа дали се сопственици или изнајмувачи. Колку повеќе луѓе се приклучуваат на програмата и ја префрлаат својата потрошувачка во овие часови, толку е поголема користа за целиот систем и пониските трошоци за сите корисници на електрична енергија“, рече Бовен.

Во Австралија, околу четири милиони домови веќе имаат соларни панели на своите покриви.

Програмата ќе им биде достапна и на станарите во згради кои немаат свои соларни панели, под услов да имаат паметно броило и да ја прилагодат потрошувачката на енергија на средина од денот, кога можат бесплатно да користат електрична енергија или да полнат електрични возила.

Австралија постави цел во 2022 година 82 проценти од електричната енергија да доаѓа од обновливи извори до 2030 година, со законско намалување на емисиите на стакленички гасови од 43 проценти во споредба со нивоата од 2005 година./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Блокадата на владата ја остави Америка без контролори на летање: летовите се одложени со часови

C +

Мерц предупредува: Се подготвуваат депортации

C +

Украина доби нова софистицирана воена опрема од Германија

C +