Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

„Влен“: Со еден глас Албанците го запечатија крајот на ерата на Ахмети!

„Изборите што ги нарекоа „референдум“ завршија како политички суд против оние што го држеа албанскиот народ како заложник 23 години со лаги и измами. Граѓаните јасно проговорија дека времето на манипулаторите е завршено“, велат од „Влен“.

„Двата круга од овие избори докажаа дека Демократската Унија за Интеграција е избришана од политичката карта на Северна Македонија. По две децении манипулација, оваа партија стана мала структура, без поддршка и без политички легитимитет.

Ова не го кажува ВЛЕН, го кажува слободниот глас на Албанците.

Во првиот круг, ВЛЕН убедливо победи во Чаир, Сарај, Арачиново, Желино и Теарце. Во вториот круг, Албанците ја запечатија промената во Боговиње, Дебар, Струга, Долнени и Тетово. Овие победи не се случајности, тие се отворено отфрлање на старата политика и потврда на вербата во новата политика.

Албанците точно знаат кој работи, а кој измамува, кој дели, а кој обединува.

Ова јасно гласање е крај на една ера и почеток на нова визија за албанската политика.

ВЛЕН го чита овој резултат како почеток на политика на одговорност, мерена со работа, понизност и почит кон граѓанинот. Нема да зборуваме за губитниците бидејќи Албанците веќе проговорија“, соопштија од „Влен“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Филипче до Мицкоски: Ги оставивте работниците без поголеми плати

C +

Мицкоски до Филипче: Сто пати ви кажав, за ЕУ нема да водиме мекотелна политика

C +

Филипче: Од Владата на Мицкоски граѓаните веќе не може да очекуваат ништо, можеби банкрот

C +