Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Сотир Лукровски / фото фан страна на Фејсбук, 2.11.2025
ЛОКАЛНО

Сотир Лукровски стана градоначалник на Општина Карпош

Сотир Лукровски, кандидат на ВМРО ДПМНЕ со освоени 13.512 гласови го победи кандидатот на ГРОМ Стевчо Јакимовски кој пак освои 12.378 гласа.

Лукровски синоќа се обрати во јавноста и пред карпошани:
Во оваа кампања не се борев за функција, се борев за доверба. За секој човек кој веруваше дека чесноста, трудот и вистината повторно можат да победат.
Денес не победувам јас, победува Карпош. Победуваат сите оние што не се откажаа од својот град. Оние што секој ден ме запираа на улица
и велеа: „Сотир, време е да се смени нешто!“, напиша на социјалните мрежи сега веќе новоизбраниот градоначалник Лукровски.

– Гледавме како Карпош се бетонизира, како зеленилото исчезнува, како улиците стануваат депонии, а луѓето неми сведоци на неправда. Тоа беше реалноста.
Но вечерва, таа реалност завршува. Вечерва започнуваме ново поглавје. Време на ред, визија и работа. Време кога општината ќе биде сервис за граѓаните, а не алатка за лични интереси. Време кога ќе се слуша секој глас, и ќе се гледа секое дело. Нашата програма не е список на ветувања, туку договор со граѓаните. Ќе ја дигитализираме општината. Ќе ги реконструираме фасадите и лифтовите. Ќе создадеме нови паркинг места,повеќе зелени зони, а Карпош ќе стане пример за современ, урбан и достоинствен живот. Ова не е победа на една партија, ова е победа на сите луѓе што сакаат промени. На тимот, на волонтерите, на младите и на постарите што веруваа. Благодарам што бевте со мене во секој чекор од овој пат. Јас ќе бидам секој ден со вас на улиците, во маалата, кај проблемите, со решенија. Вечерва не славиме крај, туку нов почеток. Почеток на Карпош што повторно дише со народот, порача Лукровски.

фото фан страна на Сотир Лукровски / Фејсбук, 2.11.2025

Можеби ќе ве интересира

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ДЕСК

Герасимовски: Центар што го сакаме е победнички и во сигурни раце!

ДЕСК

Максим Димитриевски, едвај и за влакно победи во Куманово – разликата минимална, новите ветришта допрва доаѓаат

ДЕСК