Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Дронови забележани над воена база во Белгија: полициски хеликоптер ги следеше, па ги изгуби

Четири дронови беа видени синоќа над белгиската воена воздухопловна база Клајне-Брогел, која ја користат силите на НАТО, во најновиот од неколкуте инциденти пријавени за време на викендот.

Белгиската новинска агенција Белга ги објави видувањата, повикувајќи се на локалниот градоначалник Стивен Матеи. Полициски хеликоптер ги следеше, но на крајот исчезнаа на север кон Холандија.

Дронови беа видени и во ноќта од сабота кон недела.

„Беше користен попречувач, но се покажа како неуспешен. Полициски хеликоптер и возила го гонеа дронот, но го изгубија по неколку километри на север“, извести за инцидентот белгискиот министер за одбрана Тео Франкен.

Министерот ги опиша дроновите како големи модели и рече дека „не станува збор за редовно прелетување, туку за јасна мисија насочена кон Клајне-Брогел“. „Тие летаа на голема надморска височина“, истакна тој. Истрагите се во тек./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Трамп: Не размислувам да испратам ракети „томахавк“ во Украина

C +

Хамас ги предаде телата на тројцата заложници

C +

Куче уби деветмесечно бебе во Велика Британија

C +