Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

СТРУМИЦА ВО СОЛЗИ: Уште една смрт во сообраќајна несреќа, загина мотоциклист откако изгубил контрола и паднал на коловозот

На 01.11.2025 во 17:40 часот во СВР Струмица е пријавено дека на регионалниот пат Р1402, на делницата од с.Габрово до с.Банско, К.Д.(63) од с.Градско Балдовци, струмичко, управувајќи мопед со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и со мопедот паднал на коловозот. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот на мопедот.

Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.

Увид на местото на несреќата, во присуство на јавен обвинител, извршила екипа од СВР Струмица.

Можеби ќе ве интересира

Пукање кон возило во кратовско

ДЕСК

Гаши со честитка по повод Велигден

ДЕСК

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Велигден

ДЕСК