Centar.mk
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

ПООБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД И ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ – Што нѐ чека до средината на следната недела?

Следува период на променливо облачно време, по одделни котлини со појава на утринска магла. Утре попладне, во текот на ноќта и во вторник ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни со услови за појава на ретки грмежи. Во вторник ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, а дневната температура ќе опадне за неколку степени. Локални врнежи од дожд повторно се очекуваат во деновите од следниот викенд.

Прогноза за 04.11.2025
Минимална температура: 4°C до 10°C
Максимална температура: 10°C до 17°C

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 05.11.2025
Минимална температура: 0°C до 6°C
Максимална температура: 12°C до 18°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини со појава на магла или ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Прогноза за 06.11.2025
Минимална температура: -1°C до 6°C
Максимална температура: 14°C до 20°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини со појава на магла или ниска облачност. Ќе дува слаб променлив ветер.

Можеби ќе ве интересира

Од утре стартува „Безбеден град“, МВР апелира да се почитуваат сообраќајните правила

ДЕСК

Мицкоски: Пуштена е во употреба реконструираната тетовска гимназија „Кирил Пејчиновиќ“, продолжуваме да вложуваме во образованието

ДЕСК

Најстудено утрово било на Попова Шапка каде се измерени -5 целзиусови степени

ДЕСК