Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трамп: Нема нови трговски преговори со Канада

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД и Канада нема повторно да ги започнат трговските преговори.

Канадскиот премиер Марк Карни му се извинил на Трамп поради политичка реклама во која се користи аудиоснимка од поранешниот американски претседател Роналд Реган, во која се вели дека царините се почеток на катастрофа.

„Многу го почитувам, но тоа што го направија беше погрешно. Ми се извини за рекламата, бидејќи беше лажна,“ изјави Трамп.

Поради спорната реклама, тој минатата недела ги откажа трговските разговори и најави зголемување на царините за 10 отсто на канадски производи, без да прецизира на кои сектори се однесува мерката.

Рекламата, финансирана од покраината Онтарио, се емитувала на неколку американски телевизиски канали и содржи говор на Реган од 1987 година во кој тој ја брани слободната трговија и предупредува дека царините предизвикуваат загуба на работни места и трговски војни./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Родители го продале бебето за 7.000 евра, и со парите си купиле автомобил, романската полиција ги бара

C +

Француска казна за „мачор-престапник“ – сопственичка плати 1.250 евра бидејќи мачката одела кај соседот

C +

Хаос на аеродромот во Берлин, дрон го парализира сообраќајот, десетици летови беа пренасочени

C +