Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Царинска управа: Спречен меѓународен канал на нелегална трговија со опојна дрога – запленети 130 кг марихуана, против српски државјанин поднесена кривична пријава до ОЈО

„Царинските службеници на граничниот премин Табановце на излез од државата, спречија меѓународен канал на нелегална трговија со опојна дрога. Запленети се 130 килограми марихуана, а едно лице е лишено од слобода и против него Одделението за истраги поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Куманово, поради основано сомневање дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет опојни дроги, казниво по Кривичниот законик. Ова го истакна директорот на царинска управа, Бобан Николовски, на прес-конференција на која информираше за случајот.

Станува збор за државјанин на Република Србија, сопственик и возач на превозна компанија регистрирана во Љубљана, Словенија, кој управувал со товарното моторно возило каде е откриена дрогата. Благодарение на квалитетната реакција на царинските службеници, извршен е детален преглед на возилото, при што службениците забележале дека палетите се специјално прекроени и не се во стандардна форма, а зад нив имало повеќе торби во кои биле откриени 131 пакување со вкупно 130 килограми марихуана.

Директорот Николовски информира дека во соработка со обвинителството Одделението за истраги продолжува со понатамошна истрага, се со цел целосно разобличување на случајот.

„Ова е уште еден доказ за зголемена ефективност и ефикасност на оперативното царинско работење. Продолжуваме со засилени контроли кои даваат резултати како во оперативното работење така и во прибирањето на приходи во буџетот на Република Македонија. Дрогата претставува една од најсериозните закани за општеството, со далекусежни последици по здравјето, безбедноста и економската стабилност на државата при што Царинската управа останува посветена на спроведување на континуирани мерки и активности за спречување на недозволената трговија со наркотични средства и зајакнување на системот на контрола и превенција“, истакна Николовски.

Можеби ќе ве интересира

Скопјанец физички ја нападнал сопругата, ја удирал со раце и нозе по целото тело и главата, ја гушел и се обидувал со каиш да и ги врзе нозете – Жената на моменти губела свест, но успеала да се ослободи и преку прозорецот избегала кај соседите за да побара помош

ДЕСК

МИРЕН ВИКЕНД, А ПОТОА НЕВРЕМЕ НОСИ ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ, ЗАСИЛЕН ВЕТЕР И СТУД – Метеоцентар со детална прогноза

ДЕСК

Одбележана „25-годишнината од усвојувањето на Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН 1325 за Жени, мир и безбедност

ДЕСК