Centar.mk
СВЕТ

Силно невреме го погоди Њујорк, двајца мртви

Обилни дождови го погодија Њујорк, при што загинаа две лица, изјави градоначалникот Ерик Адамс, додека бурите ги попречија летовите, а метеоролошките служби предупредија за поплави во некои области.

Медиумите објавија поплави и штети, додека службениците на аеродромите ЏФК, Ла Гвардија и Њуарк во градот изјавија дека распоредот на летови е нарушен.

„Оваа бура ги собори рекордите за врнежи од дожд за 30 октомври“, рече Адамс на Икс, додавајќи дека поголемиот дел од дождот што се очекува во неколку часа паднал за 10 минути.

Метеоролошката служба објави рекордни 4,7 сантиметри дожд во Централ Парк, додека на аеродромот Ла Гвардија наврнаа 5,31 сантиметар и 5,05 сантиметри на меѓународниот аеродром Њуарк Либерти во Њу Џерси.

Националната метеоролошка служба, исто така, издаде предупредувања за крајбрежни поплави за делови од Бронкс, Бруклин и Квинс./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Закана за бомба на централната автобуска станица во Москва

C +

Путин во Њу Делхи: Ако САД имаат право да купуваат наше гориво, зошто Индија да не ја има истата привилегија

C +

„Америка може да нè предаде“: протече разговор меѓу Макрон, Мерц и Зеленски

C +
error: Соддржината е заштитена.