Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Серија апсења на повеќе локации низ Републиката

СВР Скопје поднесе кривична пријава против лице (40) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 07.10.2025 во Скопје, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени дигитална вага и амфетамин.

Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Куманово поднесе кривична пријава против лице.(36) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 25.09.2025 на Граничен премин Табановце, на влез во државата, пријавениот приложил фалсификувана возачка дозвола за возилото кое го управувал.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против лице (66) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 26.10.2025 полициски службеници во с. Арачиново, скопско извршиле преглед на патничко возило „ауди“, управувано од пријавениот, при што била пронајдена и одземена автоматска пушка.

На 30/31.10.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Е.Г. од Р.Турција, Н.К.М.(26) од Данска, лице(34) од Битола и лице(26), лице(29) и лице(21), сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела грутчеста материја, бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

На 30.10.2025 во 11:30 часот на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје, на излез од државата, полициски службеници лишија од слобода лице(24) од Кавадарци, затоа што при гранична контрола констатирано е дека евидирал во оперативна евиденција по барање на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР.

На 31.10.2025 во 01:00 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје приведоа лице(36) од Скопје, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 30.10.2025 во 12:50 часот во Скопје, во кругот на Комплексот клиники „Мајка Тереза“, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода лице(33) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата поранешна 19-годишна партнерка, дека околу 09:30 часот агресивно се однесувал и и упатувал закани. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

СВР Велес поднесе кривична пријава против лице(41) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 05.06.2025 во Велес, полициски службеници извршиле преглед на едно лице, при што кај него бил пронајден и одземен кокаин, кој претходно го набавил од пријавениот.

Можеби ќе ве интересира

Тешка сообраќајка меѓу трактор и фолксваген – има повредени

ДЕСК

Тешка сообраќајка меѓу камион и автомобил на автопатот Пријателство – има повредени

ДЕСК

БИТОЛСКАТА ПОЛИЦИЈА ЗА 40 МИНУТИ ГИ ЛОЦИРА И ФАТИ КРАДЦИТЕ: Украдените мобилни телефони, пари, новчаници од автобус кој носеше деца на ексурзија се вратени кај учениците и професорите

ДЕСК