Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Кипарскиот „Гунвор“ го купува „Лукоил Интернешнл“

„Лукоил“ соопшти дека се договорил со „Гунвор“ групацијата да ги продаде сите свои средства во странство.

Во соопштението се истакнува дека клучните услови на трансакцијата биле претходно договорени меѓу страните.

„Лукоил“ информира дека понудата дадена од „Гунвор“ групацијата за купување на „Лукоил Интернешнл ГмбХ“, со седиште во Австрија, е прифатена и дека компанијата се обврзала да не преговара со други потенцијални купувачи.

Но сега следува нов чекор, па така склучување на обврзувачки договор и готовинска трансакција, потребно е „Гунвор“ групацијата да добие дозвола од OFAC, агенцијата на Министерството за финансии на САД што воведе санкции врз „Лукоил“.

„Доколку е потребно, страните планираат да поднесат барање за продолжување на постојната лиценца на OFAC и сите дополнителни лиценци за да се обезбеди непречено работење во странство и банкарски услуги во периодот до завршувањето на трансакцијата“, се вели во соопштението на „Лукоил“.

Се додава дека продажбата на „Лукоил Интернешнл ГмбХ“, која е сопственик и на српската филијала на „Лукоил“, е последица на рестриктивните мерки воведени од некои земји против компанијата и нејзините подружници.

Можеби ќе ве интересира

СРЕЌНА ВЕСТ: Почна исплатата на пензиите – Оваа наша банка ги исплати предвреме!

ДЕСК

Трипуновски: Килограм свежо македонско овошје неделно ќе добива секое дете во детските градинките

ДЕСК

Нова корекција на горивата денеска

ДЕСК