Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕХНОЛОГИЈА

Вештачката интелигенција под лупа: звучи уверливо, но често греши

Студија на Европската радиодифузна унија (ЕБУ), во која учествувале 68 јавни радиотелевизии од 56 земји, покажала дека најпопуларните системи со вештачка интелигенција – како ChatGPT, Claude и Gemini – измислуваат и до 40 отсто од своите одговори, претставувајќи ги како факти, пренесе Дојче веле.

Истражувањето утврдило дека системите често даваат уверливи, но неточни информации, особено кога станува збор за регионални теми, актуелни настани или сложени прашања што бараат поврзување повеќе извори. Експертите овој феномен го нарекуваат „халуцинација“, односно создавање на лажни, но звучно уверливи податоци.

Последиците, според анализата, се сериозни: корисниците несвесно шират дезинформации, ученици и студенти внесуваат неточни податоци во своите трудови, а граѓаните може да донесуваат политички или други важни одлуки врз основа на невистини.

EBU препорачува никогаш да не се верува слепо на chatbot-ови, да се проверуваат сите важни информации и да се користат проверени медиуми за факти. Технологијата може да биде корисна за креативни задачи, но не е погодна како проверувач на факти или замена за новинарство./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Шефот на OpenAI лансира нов стартап: „Сакам да помислам, а ChatGPT да ми одговори“

C +

Илон Маск ја лансира „Грокипедија“

C +

(Видео) „Спејс икс“ на Маск ја лансира единаесеттата ракета „Старшип“

C +