Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Утре сончево време со температура до 21 степен

Времето утре наутро ќе биде постудено со услови за појава на магла по одделни котлини и речни долини. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 16 до 21 степен.

Во Скопје, утрото постудено, во делови од котлината магливо. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 18 степени.

Под влијание на висок воздушен притисок следува период на стабилно и суво време со постудени утра, а дневната температура ќе биде во пораст, особено во деновите од викендот. Претпладне по одделни котлини и речни долини ќе има услови за појава на магла/Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Мицкоски е чувар на фотелјата за враќање на вистинскиот газда во ВМРО – Груевски

ДЕСК

Церемонија на свечено менување на државното знаме во претседателскиот Кабинет

ДЕСК

Филипче: Кога ќе пресушат пари за тендерите, тогаш ќе дојдат изборите

ДЕСК