Едно момче загина, додека неколку други се повредени во страшна несреќа што се случи во раните утрински часови на автопатот во близина на Нови Сад.
Kако што беше објавија српските медиуми, станува збор за млади џудисти на Партизан, кои се враќале од меѓународен натпревар во Азербејџан. Во раните утрински часови, комбе излетало од автопатот, при што загинало едно момче.
Според овие извори, две момчиња и возачот имаат тешки повреди и тие се префрлени на одделението за интензивна нега, во болницата во Нови Сад, додека другите патници се задржани во болница на набљудување.
Неофицијално, автомобилот со девојките бил пред комбето со момчињата. Групата млади спортисти со возачи и тренери направиле пауза само неколку минути пред несреќата. Според сведоците, возачот бил одморен. Сè уште не е познато зошто возачот ја изгубил контролата и излетал од патот.
Младите џудисти на натпреварот во Азербејџан освоиле четири медали. /Извор:Makfax
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


