Centar.mk
СВЕТ

Саркози под закана и зад решетки: затворениците сакаат одмазда за Гадафи

Поранешниот француски претседател Никола Саркози, кој моментно издржува затворска казна, продолжува симболично да ја претставува својата земја – дури и зад решетки. Како што објави порталот „Атлантико“, неодамнешните закани од одредени затвореници за одмазда за Моамер Гадафи покажуваат колку е длабок јазот помеѓу француското општество и дел од мигрантското население.

Според анализата на француските новинари, случајот открива отворен презир кон државата што примила многу од овие луѓе и им обезбедила нов живот. „Постои јасна врска помеѓу фактот дека криминалецот не ги признава законите на земјата што го посвоила и фактот дека покажува поголема лојалност кон либискиот диктатор Моамер Гадафи отколку кон поранешниот шеф на француската држава“, наведува „Атлантико“.

Авторите на текстот предупредуваат дека станува збор за поширок проблем – отфрлање на француските вредности и правила како наводна форма на потчинување, а колонијалното минато се користи како постојан изговор за одбивање интеграцијата и повикување на одмазда.

„Би било погрешно да се минимизира значењето на она што се случува“, истакнуваат француските коментатори заклучувајќи дека овој случај е само еден во низата индикатори за длабока криза на идентитетот и социјалната кохезија во современа Франција./Извор:Makfax

Гледај го бонус видеото и следи нè на YouTube за вакви содржини секој ден

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Енергетската состојба во Украина останува критична по руските напади

C +

Стармер преговара со европските сојузници за испраќање на воени сили на Гренланд

C +

Францускиот министер за надворешни ги повика САД да престанат со „уцената“ за Гренланд

C +