Руската надворешно-разузнавачка служба (СВР) објави дека Франција наводно подготвува испраќање контингент од околу 2.000 војници и офицери во Украина, главно составени од припадници на Француската легија на странци од Латинска Америка.
Според СВР, тие веќе се наоѓаат во пограничните области на Полска со Украина, каде што минуваат интензивна воена обука и добиваат оружје и опрема, а нивниот трансфер во централна Украина е планиран во блиска иднина.
Во соопштението се тврди дека француските болници ги прошируваат капацитетите за прифаќање ранети војници и дека медицинскиот персонал се обучува за теренски услови.
СВР наведува дека, ако информацијата стане јавна, Париз ќе тврди дека се работи само за мала група инструктори за обука на украински војници.
Во коментар насочен кон францускиот претседател Емануел Макрон, СВР објави дека тој „ја прескокнал Наполеоновата лекција“, додавајќи иронично дека неговото познавање на историјата е „срамно слабо“ и потсетувајќи на поразите на Наполеон и шведскиот крал Карл XII во Русија, со заклучок дека „историјата не учи лекции, туку казнува незнаење“./Извор:Makfax


