Centar.mk
-ЛОКАЛНО

Герасимовски: Обезбедуваме 200 канти за отпад од домашни миленици со бесплатни кесички

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ Горан Герасимовски, денеска најави дека покрај обезбедувањето на нови канти за смет, се воведува и новина, 200 специјални канти за отпад од домашни миленици на територија на Центар.

„Покрај новите канти за смет, воведуваме и новина, специјални канти за отпад од домашни миленици, слични на овој модел што како прототип го изработивме во општината. Во нив ќе има и бесплатни кесички за сопствениците. Ова е одлично решение Едноставно, урбано и еколошки одговорно. Планираме да поставиме 200 вакви канти низ сите населби и паркови, за да обезбедиме чист и уреден јавен простор, каков што доликува на општина каква што е Центар“, рече Герасимовски.

Тој, информираше дека во следниот мандат се оди чекор понатаму, со вакцинација и микрочипирање на уличните кучиња и домашните миленици, со што хумано и системски се решава овој сериозен проблем создавајќи безбедна и здрава средина.

Можеби ќе ве интересира

Јаневска: Зајакнувањето на критериумите за напредување во наставно-научните звања е клучно за повисок квалитет на високото образование

C +

Филипче на Свети Трифун: Помалку пари, пониска цена, власта ги остави лозарите без поддршка

C +

Николоски од Неготино посака добар род и вети континуирана поддршка од Владата, Лозарите со исплатени субвенции ја започнуваат сезоната

C +