Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Русија: Украина ја напаѓа Москва со беспилотни летала втора ноќ по ред

Украина ја нападна Москва со беспилотни летала втора ноќ по ред, соопштија денес руското Министерство за одбрана и градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин.

Руското Министерство за одбрана во соопштението извести дека нејзината воздушна одбрана уништила 17 украински беспилотни летала во текот на ноќта, вклучувајќи едно што летало кон Москва и 13 над регионот Калуга, кој се граничи со Московската област на североисток.

Градоначалникот на Москва изјави на Телеграм дека службите за итни случаи се испратени на местото на соборувањето на беспилотното летало што летало кон Москва.

Нема извештаи за штети, но Русија ретко открива целосен обем на ефектите од украинските напади на нејзина територија, освен ако не се погодени цивили или цивилни објекти.

Руските единици за воздушна одбрана ги уништија преостанатите три беспилотни летала над регионот Брјанск, кој се граничи со Украина на запад, и Калуга на североисток.

Александар Богомаз, гувернерот на регионот Брјанск, објави на Телеграм дека еден цивил е хоспитализиран како резултат на нападот.

Двете страни негираат дека таргетирале цивили, но илјадници загинаа во војната, од кои огромното мнозинство се Украинци.

Русија вчера објави дека соборила 34 украински беспилотни летала што ја таргетирале Москва./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Европскиот суд ја отфрли тужбата на млади активисти против норвешката влада за истражување нафта

C +

Орбан: Европа нема улога во решавањето на војната во Украина

C +

Над 20 повредени во паника по силниот земјотрес во Турција

C +