Centar.mk
фотографијата е генерирана со AI за потребите на Centar.mk
СВЕТ

Над 20 повредени во паника по силниот земјотрес во Турција

Најмалку 26 лица се повредени додека се обидувале во паника да ги напуштат своите домови во земјотресот што вечерва го погоди Сундаргах, округ Баликесир, западна Турција.

Нема извештаи за жртви од силниот земјотрес со јачина од 6,1 степени по Рихтер. Многу жители на областа ја поминале ноќта во џамии и училишта.

Последователните потреси продолжуваат, а најсилниот бил со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала.

Три ненаселени згради беа срушени, а 25 станбени згради беа оштетени.

Земјотресот беше силно почувствуван во Истанбул, Бурса, Измир, Текирдаг, како и во јужните региони на Бугарија.

Претходниот силен земјотрес во Баликесир беше на 10 август годинава, кога потрес, повторно со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала, уби едно лице, а 30 беа повредени.

Југоисточниот дел од Турција сè уште закрепнува од катастрофалниот земјотрес во февруари 2023 година кога загинаа 53.000 луѓе./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Позната инфлуенсерка пронајдена мртва во стан

ДЕСК

Трамп го нападна НАТО, британски дипломат му возврати: „Целосно погрешно го разбира“

C +

Зеленски предупредува: Блискиот Исток ќе ја остави Украина без ракети

C +