Centar.mk
СВЕТ

Четири лица загинаа во обилните дождови на Хаити и Доминиканската Република

Ураганот Мелиса веќе ја покажа својата деструктивна моќ. На Хаити и Доминиканската Република, обилните дождови одзедоа најмалку четири животи. На Хаити, земја опустошена од насилство меѓу бандите, повеќе од 3.650 луѓе се сместени во привремени засолништа.

Подготовките се во полн ек и во Куба, каде што властите евакуираа повеќе од 500.000 луѓе од крајбрежните и планинските области.

Само во областа околу Сантијаго де Куба, вториот по големина град на директната патека на ураганот, повеќе од 250.000 луѓе се однесени во засолништа. Наредби за евакуација издаде и премиерот на Бахамите, Филип Дејвис, за јужните и источните делови од архипелагот./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Дмитриев: „Тешки времиња ја очекуваат Европската Унија“

C +

Иран: Ормускиот теснец не е затворен за сите

C +

Руски функционер во регионот Луганск: 41 рудар заробен под земја по украинскиот државен удар

C +