Centar.mk
СВЕТ

Американските сили убиле 14 лица во напад на бродови со дрога во Пацификот

Американските сили убиле 14 лица во напади на четири пловила во Пацификот за кои се сомнева дека превезувале дрога, потврди американскиот министер за одбрана Пит Хегсет. Едно лице преживеало и било спасено од мексиканските служби.

Според Би-Би-Си, нападите во источниот Пацифик се извршени во понеделник по наредба на претседателот Доналд Трамп и претставуваат ескалација во акциите против трговците со дрога.

Хегсет изјави дека четирите бродови биле познати на разузнавачките служби и се движеле по познати рути на шверц со дрога, нарекувајќи ги убиените „нарко-терористи“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

„Пази да не бидеш елиминиран“: Лариџани му се закани на Трамп неколку дена пред нападот

C +

Амбасадорот на Иран тврди: „Планот на Трамп не успеа“

C +

Марта Кос: Без безбедна Украина, нема безбедна Европа

C +