Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

„Влен“: Партијата Левица е „сламката за спас“ на Ахмети, Села и Таравари

„По секој пораз доаѓа нервоза, а тоа најдобро се виде кај Али Ахмети. Симнат од тронот, излезе да ги навреди Албанците. Почна со „загари“, заврши со „Газиместан“. Ова е вистинскиот Али Ахмети без филтерот на пропагандата и без телепромптерот на Груби“, велат од „Влен“.

„Победите на ВЛЕН во Чаир, Сарај, Арачиново, Желино и Теарце, како и водството во Тетово, Боговиње, Дебар, Струга, Брвеница и Долнени, целосно го разобличија лажниот патриотизам на тројката во агонија – Ахмети, Таравари и Села.

И ете каде завршија во прегратка со проруската и анти-НАТО партија Левица. Тоа е „сламката за спас“ на Али Ахмети, Зијадин Села и Арбен Таравари.

Кандидатот на НАИ, Арсим Далипи, кој ветуваше повлекување доколку има само еден глас помалку од Менди Ќура, а потоа јавно излажа, денес е во отворена коалиција со партијата на Апасиев.

ВЛЕН одамна укажа на состанокот меѓу емисарот на Али Ахмети, Кренар Лога, и Димитар Апасиев, како дел од планот за нанесување штета на независниот кандидат поддржан од ВЛЕН во првиот круг. Денес сè е на виделина.

Арсим Далипи, со „референдумот“ во рака и со „националната кауза“ во уста, заедно со „патриотите“ Таравари и Села, најдобро докажуваат дека нивната кауза никогаш не била албанска, затоа што оној што се здружува со Левица, ѝ го врти грбот на НАТО, на Западот и на самите Албанци“, соопштуваат од „Влен“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Нови летови со „Виз ер“: Бари, Стокхолм, Мадрид и Ларнака од аеродромот во Скопје, Базел од Охрид

C +

Стевчо Јакимовски: Да беше Пинокио, носот ќе му удреше во крстот на Водно!

ДЕСК

Павле Трајанов ја поддржа коалицијата “Твоја Македонија” предводена од ВМРО ДПМНЕ

ДЕСК