Centar.mk
БИЗНИС

Скандинавците ќе се запознаат со убавините на Македонија, Roadshow на Македонската асоцијација за дојдовен туризам (НАИТМ)

Македонската национална асоцијација за дојдовен туризам (НАИТМ) во период од 28-30 октомври, во Копенхаген, Данска и Стокхолм, Шведска, ќе реализира интензивни промотивни активности за претставување на туристичките потенцијали на нашата земја.

НАИТМ ќе организира два настани (28.10. во Копенхаген и 30.10 во Стокхолм ) со кои ќе се претставиме пред влијателната јавност во туризмот, медиумите и туристичките инфлуенсери од Скандинавија. Во рамките на настаните ќе се остварат средби со скандинавски тур оператори, туристички агенции и асоцијации, со авио компании од овој дел од Европа, како и со влијателни туристички блогери, медиуми и инфлуенсери. Ќе се претстави земјава како автентична туристичка дестинација, со голем потенција за одржлив туризам.

Roadshow-то во Скандинавија е поддржано од Швајцарската и Шведската амбасада во земјава, и нивните проекти SIPPO I RECONOMY.

крај македонските компании кои членуваат во НАИТМ, на овие настани ќе учествува и ТАВ Македонија со цел разгледување можности за подобро авионско поврзување со Скандинавските земји.

“Целта на ова roadshow во Скандинавија, е да предизвикаме интерес, да ја претставиме нашата убава земја како автентична дестинација. Туристите нема да дојдат ако не ги заинтересираме и повикаме, ако немаме квалитетна промоција. Денес не се поставува прашање дали ни е потребна туристичка промоција, тука каква таа ќе биде. Колку и да е убава една дестинација, ако никој не знае за неа, таа останува само скриено богатство, а не туристички производ, посебно денес во ера на дигитализација, ефтини летови и лесна достапност на било која дестинација”, изјави Драгана Панкова, Оперативен директор на Националната асоцијација за дојдовен туризам (НАИТМ).

Скандинавците се туристи со голема куповна моќ, патници кои сакаат автентични искуства и недопрена природа, а Македонија со своите планини и езера е идеална за нив доколку ја запознаат. Би сакале да биде нивната порта кон останатиот дел од Балканот, изјавија дополнително од НАИТМ.

Можеби ќе ве интересира

Споделувајте по ваши правила со Galaxy S26 Ultra

ДЕСК

Нафтените гиганти го предупредуваат Трамп: „Кризата ќе ескалира, постои само едно решение“

C +

ДРЖАВАТА ДЕЛИ ВАУЧЕРИ ЗА ГРАТИС КЛИМА ИНВЕНТЕРИ: Објавени списоците на граѓани кои се стекнаа со право на инвертер клима – започнува постапката за подигнување ваучери, рок 30 дена

ДЕСК