Centar.mk
СВЕТ

Путин со министерката за надворешни работи на Северна Кореја: Се оди според планот

Рускиот претседател Владимир Путин денес се сретна со севернокорејската министерка за надворешни работи Чо Сон Хуи.

„Големо ми е задоволство да ве видам. Ве молам, пренесете ги моите најдобри желби до претседателот Ким Џонг-ун“, рече Путин, како што објави агенцијата РИА.

За време на средбата, Путин потсети дека неодамна се сретнал со Ким за време на неговата посета на Пекинг.

„Во Пекинг детално разговаравме за нашите односи и нашите развојни перспективи. Сè оди според планот, на најдобар можен начин“, рече Путин.

Претходно, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, исто така, разговараше со Чо и нагласи дека односите меѓу двете земји добија силен поттик во последните месеци./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Трамп: Време е да се свртиме кон други теми по Епстин

ДЕСК

Бил Гејтс за Епстин: „Жалам“

ДЕСК

Поранешната сопруга на Бил Гејтс: Тоа што е во досиејата на Епстин ме потсетува на болни времиња

ДЕСК