Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Минчев направил лапсус, техничка грешка во изразувањето: Министерството за администрација тврди дека нема да има нов закон за јазиците, туку за правична застапеност

Не се работи за нов Закон за употреба на јазиците, туку за Законот за правична застапеност кој е испратен на мислење во Венецијанската комисија, реагираат од Министерството за Администрација по вчерашната изјава на Горан Минчев, кадар на ЗНАМ и министер.

– Во врска со објавените интерпретации на изјавата на министерот за јавна администрација Горан Минчев, појаснуваме дека во гостувањето на Дневникот на Сител, министерот не мислеше за нов Закон за употреба на јазиците, туку за Законот за правична застапеност во јавниот сектор, кој е во завршна фаза на подготовка и испратен до Венецијанската комисија на мислење.

Станува збор за очигледен лапсус, техничка грешка во изразувањето, кој дел од медиумите го пренесоа.

Се извинуваме за настанатата грешка и за евентуалните недоразбирања што можеле да произлезат од неа, се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК